Една третина од ланската струја Германија ја произвела во термоелектрани на јаглен

Во 2022 година, Германија произвела значително повеќе електрична енергија во термоелектраните на јаглен, чиј удел во производството достигна 33,3 отсто, покажуваат податоците на Дестатис.

Производството на електрична енергија во термоелектраните на јаглен лани пораснало за 8,4 отсто, објави Заводот за статистика.

Со учество од 33,3 отсто во вкупното производство, јагленот бил позастапен отколку во 2021 година, кога неговото учество било 30,2 отсто.

На второ место е ветерот со удел од 24,1 отсто, за 2,5 процентни поени поголем од 2021 година и зголемување на производството за 9,4 отсто, пресмета Дестатис, истакнувајќи дека 2021 година била година со малку ветер.

Уделот на природниот гас падна од 12,6 на 11,4 отсто, покажуваат податоците на заводот за статистика.

Регулаторот за мрежи денеска соопшти дека 14 електрани на јаглен и една на нафта во моментов произведуваат електрична енергија во Германија, откако владата донесе одлука со која се дозволува продажба на електрична енергија од тие централи.

Електраните или биле повторно приклучени на мрежата или не биле ни исклучени поради гасната криза, се наведува во извештајот на Дестатис. – Моментално не се планира прекин на нивната работа, одговори нејзиниот портпарол на прашање од новинаксата агенција ДПА.

Според Уредба на германската Влада, електричната енергија произведена во резервни електрани кои користат јаглен или нафта како гориво ќе може да се продава до крајот на март 2024 година.