Една фотографија покажува колку Жарко Лаушевиќ бил популарен меѓу колегите  

Актерот Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст по тешко и кратко боледување, а неговите колеги преку социјалните мрежи се збогуваат со него и споделуваат трогателни зборови во спомен.

Една од нив беше актерката Милена Васиќ, која на својот Инстаграм сподели фотографија со Лаушевиќ и останатите колеги.

На фотографијата покрај Жарко Лаушевиќ се гледаат и Весна Тривалиќ, Петар Бенчина и Милан Мариќ.

Насмевките на колегите на заедничката фотографија се толку искрени, што може да се заклучи колку Лаушевиќ бил сакан од колегите.

Во продолжение на текстот погледнете го моментот кога Милена Васиќ се прости од познатиот актер.