Една чаша од вашиот омилен сок дневно може да ви помогне да изгубите тежина

Ново истражување открива дека сокот од црн бозел би можел да биде тајно оружје во борбата против вишокот килограми. Сокот, добиен од темно виолетови бобинки, познати по нивните антиоксидантни и имунолошки својства, сега се покажа дека е корисен за регулација на тежината.

Научниците од Државниот универзитет во Вашингтон открија дека консумирањето сок од црн бозел го подобрува здравјето на цревата, го регулира шеќерот во крвта и го поттикнува согорувањето на мастите. Резултатите, објавени во списанието Nutrients, покажаа дека пиењето 350 ml (околу една чаша) од овој сок дневно во текот на една недела може да донесе позитивни промени во микробиомот на цревата.

Професорот Патрик Солверсон, раководител на истражувањето, истакнува дека бозелот е неправедно занемарен, иако има огромни потенцијални здравствени придобивки.

,,Дури сега почнуваме да ја гледаме неговата вистинска вредност за здравјето на луѓето, а резултатите се многу возбудливи“, рече тој.

За да ги тестираат ефектите на сокот од црн бозел, научниците спровеле експеримент на 18 луѓе со прекумерна тежина. На учесниците им беше даден или сок од црн бозел или плацебо пијалок, кој изгледаше и имаше вкус како вистински сок, а истовремено се придржуваа до контролирана диета.

Резултатите беа зачудувачки. Оние кои пиеле сок од црн бозел имале поголем број на корисни бактерии во цревата, што е од клучно значење за апсорпцијата на хранливи материи и целокупното здравје. Нивните способности за регулирање на шеќерот во крвта, исто така, значително се подобрија – нивото на гликоза им се намали за 24%, а нивото на инсулин за 9% по консумирањето јаглехидрати.

Тајната е во антоцијаните

Дополнително, консумацијата на сок од црн бозел беше поврзана со зголемено согорување на маснотии, особено по внес на јаглени хидрати и за време на физичка активност. Експертите веруваат дека овој ефект се должи на антоцијаните, растителни соединенија познати по своите антиинфламаторни својства и способност да се борат против дијабетес и бактериски инфекции.

„Докажано е дека храната е лек, а науката сега го фаќа чекорот со тоа популарно верување“, вели професорот Солверсон. „Ова истражување додава на се поголемиот број докази дека бозелот, кој со векови се користи во народната медицина, има бројни придобивки за метаболизмот и здравјето на цревата.

Иако и другите бобинки содржат антоцијани, тие се присутни во значително повисоки концентрации во бозелот. За да добиете иста количина на антоцијани како во половина чаша сок од црн бозел, треба да јадете четири чаши капини дневно.

Потребни се дополнителни истражувања.

Иако сокот од бозел не е непознат во Европа, тој не е толку популарен во САД, иако неговата побарувачка вртоглаво порасна за време на пандемијата на коронавирус и продолжува да расте. Научниците кои работеа на ова истражување веќе поднесоа привремен патент за употреба на биоактивни соединенија од американскиот црн бозел со цел да се регулира телесната тежина и да се подобри здравјето на цревата, било преку додатоци во исхраната или преку други производи.

Тие планираат дополнително истражување за да откријат дали сокот од црн бозел може да им помогне и на луѓето кои престанале да земаат лекови за слабеење да ја задржат својата тежина. Иако досегашните резултати се ветувачки, научниците нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврдат долгорочните ефекти на бозелот врз различни групи луѓе.