Срцевите напади се медицински итни случаи кои бараат итен третман
Срцевите напади се случуваат кога снабдувањето со крв на срцето наеднаш е блокирано.
Но, иако здравиот начин на живот – како што се добрата исхрана и физичките вежби – влијае на превенцијата од срцев удар, експертите сега открија нешто интересно за спречување на оваа појава.
Според новото истражување, се вели дека четкањето на забите два пати на ден е клучно за да се намали овој ризик за себе.
Научниците велат дека секој човек треба да ги мие забите два пати на ден по две минути со паста за заби која содржи флуор, пренесува Телеграф.
Според нив, оваа едноставна рутина може да го намали ризикот од кардиоваскуларни проблеми до три пати.
Експертите велат дека со редовно и правилно чистење на забите, спречувате разни орални заболувања кои се поврзани со губење на забите, кардиоваскуларни болести, па дури и инфекции на белите дробови.