Едноставна и брза маска од банана која помага во борбата против првутот

Покрај тоа што се многу богат и здрав извор на растителни влакна, антиоксиданси и витамини, бананите изобилуваат со различни корисни придобивки за човечкото тело, без разлика дали ги консумираме како ужина или како задоволство.

Покрај придобивките за здравјето на луѓето, бананите покажаа и голем број позитивни ефекти врз косата. Маската од банана е позната по своите антимикробни својства и е многу корисна во борбата против првутот. Покрај тоа, вашата коса ќе добие волумен и природен сјај.

Постапка:

Потребна ви е една банана која ќе ја испасирате и потоа додадете едно јајце и сето заедно измешајте. Нанесете ја маската на скалпот и оставете да делува половина час, а потоа исплакнете ја. За подобри резултати, повторете ја оваа постапка неколку пати месечно.