“ЕДНОСТАВНО ЗАМРЗНАВ…“ – Ѕвездата на позната ТВ хит-серијата си ја отвори душата: “Бев силувана од пријател…“
Познатата американската актерка Мариска Харгитај (59 г.) во есеј кој го напишала за магазинот People во прво лице открива како пријател ја силувал кога имала 30 години.
„Воопшто не беше сексуално. Тоа беше доминација и контрола. Премногу контрола… Таа личност ми беше пријател. Потоа тоа веќе не се случуваше“, се присетила ѕвездата од ТВ серијата „Law & Order: Special Victims Unit“ на болното и трауматично искуство.
„Се обидов на секој начин да се извлечам од тоа, но не можев да избегам бидејќи цврсто ме фати за рацете и ме држеше надолу. Не сакав тој терор да прерасне во насилство. Сега знам дека веќе беше насилство, сексуално насилство, но се плашев да не стане и физички насилен. Едноставно ‘замрзнав’, целосно се повлеков, што е вообичаен одговор на траума кога нема опција за бегство за жртвата“, опишала Мариска Харгитај во потресниот есеј.
Денес, актерката признава дека тогаш ја минимизирала важноста на нападот – како што вели „се обидела да го втурне длабоко во задниот дел од умот“ за да ја надмине траумата.
„Сега го почитувам тој дел – го направив тоа што морав за да преживеам“, напишала таа, а пренесува магазинот Page Six.
Таа открива и како му кажала на својот сопруг, исто така актер, Питер Херман, со кој е во брак од 2004 година, дека она што го доживеала не е силување – долго време, вели таа, верувала дека ужасот што го доживеал е всушност „ситен прекршок“, барем така си го сфатила бидејќи не можела и не знаела поинаку да се справи со болната реалност.
„Искуството беше страшно, но ни најмалку не ме дефинира“, заклучува таа во есејот.
Мариска Харгитај подоцна основала своја сопствена фондација, која им помага на злоставуваните деца и жртвите на сексуален напад и семејно насилство.