При уривање на 3. катна станбена зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум повредени лица се извлечени под урнатините, јави агенцијата Анадолија.
Од засега непознати причини се урна трикатна станбена зграда во подрачјето Кучукчекмеџе, во Истанбул.
По применото известување на местото на несреќата се испратени голем број противпожарни единици, здравствени екипи, полиција и АФАД.
Спасувачките екипи веднаш почнале со акција за пребарување и спасување откако биле информирани дека има луѓе затрупани под урнатините и притоа комуницирале со едно лице под урнатините.