Како што соопшти МВР, вчера во 20 часот и 50 минути до СВР Охрид е изнесен случајот дека во водите на Охридското Езеро се удавил 45-годишниот Л.М. од град Неготина.
„По наредба на јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, при што е констатирана смрт без траги на насилство“, велат од СВР Скопје.
Телото е испратено на обдукција во Судска медицина во Битола.
Потсетуваме, пред една година скопјанец се удави во Охридското Езеро.