Со само неколку состојки, можете да направите ефикасно домашно средство за чистење кое ќе ви помогне да исчистите сè во вашиот дом – од плочки до подови, сето тоа со минимални трошоци.
Редовното одржување на домот е клучот за пријатен и здрав простор, а многу домаќинки често посегнуваат по различни средства за чистење – од оние за миење прозорци, до производи за мебел, подови и завеси.
Меѓутоа, доколку сте љубители на домашни решенија, можете сами да направите природни средства за чистење и освежување на просторот, со минимална цена .
Состојки:
- 2 чаши топла вода (не зовриена)
- 1 лажица течност за миење садови
- ½ чаша оцет
- 10 капки масло од еукалиптус
Подготовка:
Истурете топла вода во шише со распрскувач (волумен 1 литар), потоа додадете течност за миење садови и оцет. Затворете го шишето и добро протресете. После тоа, отворете го шишето и додадете етерично масло од еукалиптус. Ова масло има свеж мирис и е одлично за отстранување на лепливи наслаги, но можете да користите друго масло по ваш избор.
Ако можете, користете стаклено шише, бидејќи стаклото подобро ги зачувува есенцијалните масла. Овој домашен лек можете да го користите за чистење на различни површини во домот – од плочки, до тоалети и тушеви, до подови. Чувајте го шишето на темно место за производот да ја задржи својата ефикасност подолго.