ЕЖ САЛАТА: Невообичаен изглед, здравa и готовa за кратко време

Ќе го направите брзо и лесно, а со својот изглед ќе ги воодушеви и најмладите членови. Вкусен и полн со витамини е добар избор за празничната трпеза.

Неопходно е
половина главица зелка
2 моркови
2 црни маслинки
половина голема краставица
зеленчук за декорација, по желба
сол
бибер
маслиново масло
јаболков оцет
Подготовка

Зелката исецкајте ја ситно, посолете ја, измешајте ја и оставете ја да отстои. Зачинете ја зелката со маслиново масло и јаболков оцет. Додадете бибер по вкус. Во посебен сад крупно изрендајте го морковот и зачинете го, како и зелката. Земете голем плех и врз него формирајте форма на еж од зелката. Над поголемиот дел посипете го изренданиот морков. Потоа едната маслинка пресечете ја на половина и направете ги очите на ежот, а од другата направете муцка. Наоколу ставете сечкани краставици и декорирајте со зеленчук по желба.