Ексклузивно: Ова е извод од матичната книга на родените на Меланија Трамп, пишува сe за нејзиното семејство (фото)
Сè уште е меѓу главните вести во светот дека Доналд Трамп стана нов претседател на Соединетите Американски Држави, иако тој сè уште официјално ја нема преземено таа улога. Секако, неговата сопруга
Меланија Трамп која е драга на нашиот народ, го привлече вниманието кон себе, бидејќи потекнува од овие простори, односно од Словенија.
Во јавноста се појави нејзиниот извод од матична книга на родените, односно извод од крштевка. Во него, секако, пишува кога е родена, но и на кој датум е крстена, како и датумите на раѓање на нејзините родители. Секако, тука се и имињата на нејзините предци, пред сè нејзините баба и дедо од двете страни и секако нејзината сестра Инес Кнаус која ретко се појавува во јавноста.
Нејзиниот татко Виктор Кнаус е роден на 23 ноември 1941 година, додека нејзината мајка Амалија Улчник, нејзиното моминско презиме, е родена на 9 јули 1945 година.
Нејзината прабаба и прадедо од страната на нејзиниот татко се викале Антон Кнаус и Алојзија Бевк. Тие родиле дури девет деца. Според весниците, се заклучува дека само Јозеф Кнаус, третото дете, само тој се оженил. Јожеф и Антонија Рибиќ имаа три сина – Јошко, Виктор и Херман, кои се таткото и двајцата чичковци на Меланија. Понатаму во весниците може да се види дека Виктор ја имал ќерката Инес и две години подоцна Меланија.
Кога станува збор за семејството од мајчината страна, нејзината прабаба и прадедо се викале Антон Улчник и Марјета Петелинц. Во бракот имаа четири деца – Елизабет, Сајмон, Антон и Марјета. Антон се ожени со Амалија Глиха и имаа осум деца, од кои едното беше мајката на Меланија, шеста најстара во семејството.
Таткото Виктор бил продавач на автомобили, а нејзината мајка Амалија била шивачка во фабрика која произведувала детска облека.
– Пораснав во прекрасно семејство и имав прекрасно детство. Мајка ми и татко ми нè научија на важноста на образованието, напорната работа и семејството – рече Меланија еднаш.