Загаден воздух, паднат имунитет, статичка прашина – ова се појави кои дополнително ја зголемуваат чувствителноста кај луѓето и појавата на алергиите, сметаат експертите.
Лекарите предупредуваат дека од година на година се зголемува бројот на пацинети склони кон алергии, како причина плус покрај тоа што се генетски преносливи е и загадениот воздух.
„Живееме во време во кое воздухот е многу загаден, имунитетот на луѓето е паднат, цело време се изложени на компјутери,телевиозри, кај што таа статичка прашина многу лошо влијае. Можам да кажам дека се јавуваат како симптоми кивавица,чешање на очите, закрвавени очи, чест секрет. Имаме пацинети кои велат дека сега кога цветаат тополите, дрвата, има разен полен во воздухот имаат гушење, стегање во градите“, вели во изјава за Алфа телевизија, доктор Лилија Чолакова Дервишова.
Често пати луѓето тешко може да препознаат дали се работи за алергија или за настинка. Чолакова вели дека во тие моменти исклучително е важна консултацијата со лекар за да може да се утврди за што станува збор и да се реагира навремено.
„Најчесто правиме крвни слики кај нашите пациенти, ја гледаме ситуацијата дали има покачени леукоцити, лимфоцити, и други параметри кои покажуваат дали се работи за алергии. Честите кивавици без температура, бојата на лигавицата, сето тоа кај луѓе кои работат со години, кои се големи практичари знаат со тек на времето кој пацинет има алергиски склоности“, додава Чолакова Дервишова.