Експертите открија колку часови сон ни се потребни за здрав живот

Американската академија за медицина на спиењето и Друштвото за истражување на спиењето препорачуваат најмалку седум часа спиење навечер за да се одржи оптимално здравје.

Доколку редовниот сон е пократок од наведеното, можни се физички и психолошки последици. Сепак, на старите луѓе обично им треба помалку сон од младите, според психологот Линел Шниберг. На пример, некој што спие осум часа навечер во своите четириесетти може да функционира добро со шест и пол часа сон навечер во седумдесеттите.

Телото на постарите луѓе лачи помалку мелатонин, хормонот кој го поттикнува спиењето, а тие обично имаат повеќе здравствени проблеми кои можат да го попречат сонот, пишува магазинот „Тајм“.

Покрај тоа, многу малку луѓе имаат генетска мутација која им овозможува да спијат помалку од шест и пол часа навечер без видливи здравствени последици .

Оваа генетска мутација е доста ретка, а експертите проценуваат дека има само еден од 25.000 луѓе.

Помалку од пет часа сон е ризично по здравјето

На сите други луѓе им се советува да спијат најмалку седум часа.

Спиењето помеѓу пет и седум часа не се препорачува, но не е проблематично ако тоа се случува ретко.

Сè што е под пет часа е ризично за здравјето.