Експерт за храна згрозен од количината шеќер во лебот: „Ова е загрижувачко“

Американскиот експерт за храна Калани Смит го споредил лебот произведен во САД со истиот вид храна во Велика Британија и дошол до шокантни заклучоци за различната содржина на шеќер во него, објавија денеска британските медиуми.

Смит ги сподели своите заклучоци на социјалните мрежи, споредувајќи го британскиот исечен леб од брендот „Варбуртон“ и американскиот „Вондер“, и откри дека нивната содржина на шеќер е многу различна, објави британскиот весник „Мирор“.

Британскиот леб содржи само 17 грама шеќер, додека американскиот леб има дури 50 грама, што Смит го нарече „значаен проблем“.

„Мислам дека и Американците треба да бидат загрижени. Разликата во количината на шеќер во лебот не е нормална. Многу луѓе во Англија ми кажаа дека кога ќе дојдат во САД не можат да го јадат нашиот леб бидејќи ги потсетува на торта. па сакав лично да се уверам зошто мислат така“, вели тој во видеото објавено на Тик Ток, додавајќи дека донел леб од Велика Британија за да го спореди со американски леб.

Смит заклучил дека прилично голем проблем е тоа што сите намирници во САД содржат многу шеќер.