Експерт за iPhone открива: Еве како го скратувате животниот век на вашиот телефон, а не сте ни свесни за тоа!
„Најголемата заблуда за iOS е дека е добро присилно да се затворат неискористените апликации во позадина“, напиша експертот за Apple, Џон Грубер, на својот блог „Daring Fireball“.
„Многу луѓе мислат дека апликациите во позадина непотребно ја трошат RAM меморијата, го оптоваруваат процесорот и на тој начин ја празнат батеријата и ги намалуваат перформансите на уредот, но iOS не работи така“, објасни тој.
„Апликациите во позадина се ефикасно „замрзнати“, ограничени и всушност ја ослободуваат RAM меморијата што ја користеле. iOS е навистина добар во ова. Толку е добар што одмрзнувањето на претходно замрзната апликација троши многу помалку енергија отколку рестартирањето на апликација што била присилно затворена“, вели Грубер.
„Принудувањето на апликациите да се затворат не само што не помага, туку всушност го скратува животниот век. Траењето на батеријата ќе биде послабо, а уредот ќе работи побавно“, тврди тој.
Компанијата „Епл“ вели дека апликациите треба присилно да се затворат само ако имаат грешки. Можеби тоа е една од причините зошто корисниците на iPhone никогаш не добиле копче за затворање на сите апликации одеднаш, како што имаат Андроидите.