Експлодира бомба во џамија во Пакистан: Најмалку пет мртви и десетици повредени во напад во пресрет на муслиманскиот свет месец Рамазан (ФОТО, ВИДЕО)

Бомба денеска експлодира во џамија во Пакистан, при што загинаа најмалку пет лица, а десетици се ранети, соопшти локалната полиција.

Експлозијата се случила во градот Акора Катак, во провинцијата Хајбер Пахтунхва, а полицијата го истражува инцидентот, додека повредените се пренесени во болници.

Слика од екранот 2025-02-28 114552.png

Ниту една вооружена група сè уште не ја презела одговорноста за нападот врз џамијата.

Нападот се случи пред муслиманскиот свет месец Рамазан, кој ќе започне во сабота или недела, во зависност од положбата на Месечината.