Експлозија во станбена зграда во Букурешт: Најмалку тројца мртви, неколку ката целосно се урнаа

Исклучително силна експлозија се случи во петок наутро во станбена зграда во Букурешт, а делови од зградата целосно се урнаа.

Повредени се и 13 лица. Уривањето на зградата е предизвикано од силна експлозија, најверојатно предизвикана од гас.

Експлозијата целосно урна два ката, а ги погоди и другите катови, објавија локалните медиуми.

Фотографија: Ројтерс

Силата на експлозијата, исто така, оштети и училиште кое се наоѓа во близина на зградата

Спасувачите и екипите за итни случаи се на терен додека тимовите го пребаруваат местото на експлозијата за да ги извлечат заробените.

Државниот секретар Раед Арафат апелираше до жителите да не влегуваат во зградата.

„Зградата е во опасност од уривање. Таа е целосно евакуирана“, рече Раед Арафат.