ЕКСПЛОЗИЈА го потресе ГРАДОТ ПОД РУСКАТА ОКУПАЦИЈА: Има многу повредени (ВИДЕО)

Во експлозија за време на артилериски оган во градот Макијевка во источна Украина, повредени се 25 лица, соопштија руските власти.

Водачот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, изутрината на својот канал Телеграм рече дека две деца се меѓу повредените во нападите на градот што го зазедоа руските сили во 2014 година.

„Експлозијата ја почувствуваа повеќето жители на Макијевка и Доњецк“, рече Пушилин.

Според него, оштетени се станбени згради, болница, училишта и градинка. Нa украинскиот Телеграм канал StratCom објавена е снимка од мобилен телефон од силната експлозија во градот, во која се тврди дека станува збор за напад врз руска воена база.

Украинците рекоа дека експлозијата била толку силна бидејќи при гранатирањето било погодено складиште за гориво или муниција. Според руските воени блогови, за гранатирањето биле користени артилериските ракети ХИМАРС, кои Украина ги добила од САД.

Претходно, Пушилин пријави двајца загинати во гранатирање во регионот на Доњецк. Информациите од завојуваните страни не можат да бидат независно проверени. Макијевка беше местото на смртоносниот украински напад врз импровизирана руска касарна минатата новогодишна ноќ.