Експлозија кај Израелската амбасада во Стокхолм

Голема полициско присуство синоќа е забележано кај Амбасадата на Израел во Стокхолм, откако во близина се слушнала силна експлозија.

-Во реонот се слушна експлозија, а ние сме таму и проверуваме – изјавила портпаролката на полицијата во шведскиот главен град, Надја Нортон.

Според локалните медиуми, полицијата пронашла оружје и испукан куршум. Областа е опколена и кучињата ја пребаруваат .

-Постои квалификација за кривично дело, но во овој момент не сакаме да го откриеме – изјавила Нортон.

Засега не е пронајдено ниту едно повредено лице. Од полицијата за „ТВ4 Нихетерн“ соопштиле дека нема опасност за јавноста.

Засега нема информации за повредени луѓе.

„Разговараме со сведоци и ги прегледуваме камерите во областа. Доколку некој видел нешто и сака да сподели со полицијата, ве молиме контактирајте не“, порачала Нортон.

Во текот на годината, неколкупати беше зајакната безбедноста околу израелската амбасада. Вечерашниот инцидент доаѓа во време на засилени тензии и непријателства меѓу Израел, Либан и Иран на Блискиот Исток.