Експлозија на железничката линија на Крим, го прекина сообраќајот меѓу два важни града

УТРОВО беше во прекин железничкиот сообраќај меѓу Симферопол, главниот град на Крим, и пристаништето Севастопол, базата на руската Црноморска флота, изјави проруски функционер од Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.

Претходно на каналот База Телеграм, кој е поврзан со руските безбедносни служби, беше објавена информација за експлозијата на железничката линија на Крим.

Прорускиот гувернер на Крим, назначен од Москва, на апликацијата „Телеграм“ изјави дека „вагони со жито излетале од шините“ во регионот Симферопол, притоа не соопштувајќи ја причината за излетувањето на вагонот од шините. Да потсетиме, во последните неколку месеци воени цели на Крим беа цел на напади на украинските тајни служби и борци од движењето на отпорот кон руската окупација.