– Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија што се случи денеска во немирниот пакистански југозападен регион Балуџистан.
Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот преку објава на својот канал на Телеграм.
Експлозијата се случи по митинг на Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на поранешниот премиер Имран Кан, соопшти високиот полициски службеник Зака-Ул-Хасан, неколку часа откако Кан беше осуден на 10 години затвор поради откривање државни тајни.