Што ќе јадат луѓето во случај на нуклеарна војна? Научниците дадоа одговор кој ќе ве изненади

Глобалната нуклеарна војна е едно од најстрашните сценарија што луѓето можат да ги замислат. Тоа не само што би одзело огромен број животи, туку би имало и катастрофални последици за животната средина.

Една од првите би била нуклеарна зима која би донела драстичен пад на температурата на Земјата и би ја блокирала сончевата светлина. Не треба да ги заборавиме пореметувањата во земјоделскиот систем, односно недостигот на храна.

Во таков случај, преживеаните ќе мора да најдат алтернативен извор на храна, пренесува Метро.

Новата студија на меѓународен научен тим го разгледува опстанокот на човештвото по нуклеарна катастрофа, а храната е во центарот на тоа.

Истражувачите веруваат дека постои начин да се нахранат луѓето, односно да се зачува системот на храна, а како клучна ставка ги споменуваат морските алги.

Тие ја проучувале способноста на алгите да преживеат во услови на нуклеарна зима, потоа нивната хранлива вредност, но и можноста да се користат како гориво и суровина за биохемиската индустрија.Морски алги

Според објавената студија, во рок од девет до 14 месеци по катастрофата, фармите со алги би можеле да задоволат дури 45% од глобалната побарувачка за храна.

На овој начин би биле спречени 1,2 милијарди смртни случаи од глад.

„Ќе ни треба многу храна, а системот каков што го знаеме денес нема да постои. Алгите се дефинитивно еден од главните кандидати за брза реставрација“, изјави д-р Флоријан Улрих Џен.

Научниците ја моделираа теоријата за потенцијалниот конфликт меѓу Русија и САД и ги проучуваа морските алги од семејството Gracilaria tikvahiae кои можат да се одгледуваат низ тропските предели.

Тие истакнуваат дека алгите се богати со протеини, минерали, витамини, есенцијални амино киселини и масни киселини. Покрај тоа, тие се доволно „отпорни“ на зрачење , така што луѓето би можеле да ги консумираат по едноставно миење и готвење.

Сепак, иако тие би обезбедиле исхрана и спасуваат животи, алгите се богати со јод и можат да предизвикаат здравствени проблеми.

Доколку ги јадете во големи количини, може да се наруши работата на тироидната жлезда, која е неопходна за одржување на здраво ниво на хормони.