– Температурата на воздухот во рускиот град Краснојарск падна на минус 50 степени Целзиусови, а локалната власт ги затвори училиштата поради екстремниот студ во овој сибирски регион.
Дневната температура на воздухот во Краснојарск во просек се движат околу минус 35 степени Целзиусови, а ноќта паѓа и до минус 50 степени.
Училиштата се привремено затворени, а маглата ја намалува видливоста и го отежнува сообраќајот. Поради екстремниот студ и маглата, настана голем метеж во сообраќајот.
Краснојарск е главен град на истоимениот регион во Русија, на горниот тек на реката Енисеј и на Транссибирската железница.
Се вбројува меѓу најголемите културни и индустриски центри на Сибир, а познат е и по производството на локомотиви, комбајни, челични конструкции, градежен материјал, цемент, кожа, гума, синтетички влакна, целулоза, хартија, свила, електротехнички апарати и фармацевтски производи.