Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу 9:30 часот по наше време во близина на Јапонија.
Земјотресот е регистриран во областа на островот Изу.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 349 километри југоисточно од Хамаматсу.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 382 километри под површината на земјата.
Потсетуваме дека денес и Тибет го погоди разорен земјотрес, а загинаа десетици луѓе!