Бугарија и Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнат непотребни тензии, соопшти Европската комисија за последните случувања во односите Софија-Скопје.
„Внимателно ги следиме случувањата поврзани со односите Бугарија-Северна Македонија. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, сите страни мора да вложат напори да промовираат атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да ги избегнат непотребните тензии. “ изјави ЕК за БНТ .
Брисел се воздржа од коментирање на настаните од 4 февруари на границата поради тековните истраги или правни процедури.