Европската комисија на 8 ноември ќе ги презентира годишните извештаи за напредокот на земјите кои очекуваат идно пристапување во Европска Унија, изјави потпретседателката на комисијата Дубравка Шуица по денешната седница на Советот на ЕУ за општи прашања во Луксембург.
– Остануваме на ставот дека проширувањето на ЕУ треба да ги следи заслугите на секоја земја кандидат за пристапување. Земјите треба да влезат во ЕУ кога ќе бидат подготвени и ќе ги исполнат барањата, посочи Шуица.
Таа додаде дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во ноември ќе ги посети земјите од Западен Балкан.