„Нашиот став е јасен, со нетрпение очекуваме почеток на преговорите според поглавјата со Албанија и што е можно поскоро со Македонија, откако земјата ќе ги исполни соодветните критериуми договорени со Советот“, изјави портпаролот на Европската комисија. Ана Писонеро во врска со одлуката на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки на ЕУ, за одвојување на патот на Албанија и Македонија кон пристапувањето во ЕУ.
Под „релевантните критериуми“, како што рече Писонеро, се подразбираат и уставните измени кои ги вклучуваат Бугарите во Уставот.
„Европскиот совет ја повикува РМВ да го забрза спроведувањето на овие промени. Одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите-членки на ЕУ, а не на ЕК“, изјави Ана Писонеро.
Унгарското претседателство со Советот на ЕУ денеска преку соопштение за АИМ потврди дека Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки на ЕУ ја одобрил одлуката Албанија на 15 октомври да продолжи со преговарачкиот процес за членство, со отворањето на Кластерот 1 – „Основна вредност“.
Патот на Албанија и Македонија за пристапување во ЕУ беше заеднички, а двете земји заеднички ги започнаа преговорите за членство во ЕУ во јули 2022 година.