Елен скокна во ресторанот низ прозорец: Гостите почнаа да бегаат, тој се шеташе низ кујната (ВИДЕО)

Гости од ресторан во Висконсин побегнале кога низ прозорецот виделе како елен влетал во ресторанот.

Инцидентот се случил за време за време на ручек, во ресторанот „Нудлс и компани“ во Белоит.

Надзорните камери го покажаа животното како скока низ прозорецот и почнува да се движи низ ресторанот, па гпстите почнаа да бегаат.

Еленот се прошета низ кујната, а потоа излезе од задната врата која му ја отвори еден од вработените.