Актерката Елизабет Харли (59) објави провокативно видео на кое во микро бикини се тушира на јахта.
Елизабет Харли се капела во морето во бело бикини , а потоа се качила на јахтата и се истуширала.
Едноставно бело бикини ја открива бујната биста на актерката и совршено затегнатото тело. Костимот за капење има дискретна декорација – мало синџирче кое ги поврзува корпите на горниот дел и истиот синџир на колковите.
Актерката носеше и големи квадратни очила за сонце, а по туширањето ја собра долгата кафена коса во атрактивна пунџа.
Видеото го погледнаа голем број фанови на познатата актерка, а коментарите полни со пофалби само не престануваа да доаѓаат:
„Таа мора да е најубавата жена на планетата“, „Имаш совршено тело“, „Неверојатно е колку добро изгледаш во бикини“, „Убава како и секогаш“ , беа само дел од коментарите.
Елизабет Харли неодамна ја откри тајната на нејзиниот изглед кој им пркоси на годините.
Во едно интервју изјавила дека никогаш не јаде ултра-обработена храна и шеќер и дека ретко консумира алкохол.