– Познатата авенија „Шанзелизе“ (Елисејски полиња) во Париз, следниот месец ќе биде претворена во огромна „училница“ за диктат по Француски јазик.
„Во недела попладне, на 4 јуни, на иницијатива на Комитетот на ‘Шанзелизе’, авенијата ќе биде место на единствен миг во нејзината историја. Ќе биде организиран најголемиот диктат во светот“, се наведува во соопштението на организаторите.
Авенијата ќе изгледа како една голема училница, со училишни клупи и „табла“, којашто всушност, ќе биде еден џиновски екран.
Можните учесници може да се пријават на интернет-страницата на Градскиот совет на Париз. Можат да се пријават сите љубители на францускиот јазик на возраст од над 10 години, а со лотарија потоа ќе бидат избрани околу 1.700 лица.