ЕЛ ЧАПО ЈУНИОР – Синот на затворениот мексикански нарко бос е екстрадиран во САД поради дрога

Овидио Гузман, син на затворениот мексикански нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, беше екстрадиран во Соединетите Американски Држави во петокот, каде што се бара под обвинение за дрога, соопштија во саботата мексиканските владини претставници.

Претходно мексиканските медиуми, објавија дека Овидио Гузман бил изнесен од затвор за да биде екстрадиран.

Канцеларијата на мексиканскиот јавен обвинител соопшти дека нема коментар.

Овидио Гузман беше уапсен во Мексико во јануари по интензивна престрелка во северната држава Синалоа.

Владата на САД побара негова екстрадиција во февруари за да може да се соочи со обвиненија за дрога пред американскиот суд.