Емануел Макрон го поздрави ослободувањето на двeте американски заложнички во Појасот Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави ослободувањето на двeте американски заложнички во Газа, истакнувајќи ја улогата на Катар и изрази надеж дека ќе има слични иницијативи во наредните денови, вклучително и за француските граѓани.

Борците на палестинската исламистичка група Хамас убија 30 француски државјани во нападот врз Израел на 7 октомври. Седум Французи се уште се водат како исчезнати. Еден од нив се појави на видеото што го објави Хамас, но судбината на другите шест останува непозната.

Се верува дека другите шест се земени како заложници, но тоа не е сигурно“, рече Макрон.

По разговорот со неколку регионални лидери во петокот, вклучително и саудискиот престолонаследник, емирот на Катар, претседателот на Египет и премиерот на Израел, Макрон рече дека францускиот министер за надворешни работи ќе присуствува на самитот во Египет во сабота.

Францускиот претседател додаде дека неговата земја ќе испрати медицинска помош во Газа.