Францускиот фудбалер Килијан Ембапе беше хоспитализиран пред неколку дена за време на престојот во Соединетите Американски Држави, откако му беше дијагностициран акутен гастроентеритис, а сега се појавија видеа и фотографии од неговото враќање на тренинзите.
Направени се тестови и препишана е терапија за играчот на Реал Мадрид, кој објави дека Французинот е хоспитализиран во Палм Бич, каде што тимот тренира од минатата сабота.
Кога се појавија видеа и фотографии од тренингот на Ембапе по кратко боледување, сите беа шокирани како се променил неговиот изглед. Тој изгубил најмалку пет килограми, поради што изгубил многу мускулна маса, што го забележале навивачите.
Францускиот фудбалер се разболе во понеделник по тренингот, 48 часа пред натпреварот со Ал Хилал, и оттогаш не можел да тренира, па дури ни да ја напушти својата соба. Тој е одвоен од тимот од 16 јуни и речиси не можел да води нормален живот.
Мадрид одлучи строго да го следи протоколот во случајот со француската фудбалска ѕвезда.