Емине Ердоган: Светот може да ја надмине климатската криза

Светот може да заздрави од болестите предизвикани од климатската криза со еколошки и живот без отпад, смета првата дама на Турција, Емине Ердоган.

„Голем дел од отпадот кој го оставаме во природата се состои од производи кои можат повторно да се користат и кои сè уште не го завршиле својот животен циклус“, рече Ердоган во видео пораката на втората сесија на Генералното Собрание на Обединетите нации.

„Каква трага ќе оставиме на планетата зависи целосно од нас”, истакна Ердоган.

Таа рече дека извонредниот успех на движењето на Турција за нула отпад за краток временски период му покажа на светот колку е важен индивидуалниот човечки напор за еколошките проблеми.

„Со правење мали промени во секојдневниот живот на луѓето, можеме да го излечиме светот од болеста на климатските промени преку еколошки живот без отпад”, изјави првата дама на Турција.

Напуштање на културата на фрлање

Во 2017 година, под покровителство на турската прва дама, Турција го започна проектот нула отпад за да ја истакне важноста од елиминирање на отпадот во борбата против климатската криза.

Проектот доби меѓународна поддршка. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази благодарност до Емине Ердоган за време на конференцијата во Њујорк во септември минатата година.

Минатиот декември, Генералното собрание на ОН едногласно усвои резолуција за иницијативата за нула отпад претставена од Турција, прогласувајќи го 30 март за Меѓународен ден на нула отпад.

„Несомнено, направени се големи чекори за да се спаси природата од отпад што не може сама да го исфрли. Сепак, ни претстои уште долг пат во време кога потрошувачката стана главна цел. Верувам дека најдлабоката промена ќе се случи кога ќе ја напуштиме културата на фрлање и ќе усвоиме начин на живот кој речиси не создава отпад“, рече Емине Ердоган.

Таа додаде дека ширењето на глобалното движење на нула отпад од земја во земја и луѓе на луѓе покажува дека тие денови веќе не се толку далеку.

ТРТ БАЛКАН