ЕНТОНИ БЛИНКЕН ЗАСТАНА ОД СТРАНА НА РУСИЈА И ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ !? Државниот секретар на САД тврди: “Ова што се случува во Нигер не е поттикнато од Русите или Вагнер, туку…“

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Блинкен, денес изјави дека групата Вагнер ја користи нестабилноста во Нигер, но додаде дека не мисли дека Русија или руска паравоена група го поттикнале пучот во таа африканска земја.

Мислам дека она што се случи и што продолжува да се случува во Нигер не е поттикнато од Русија или Вагнер, но тие се обидуваат да го искористат тоа“, изјави Ентони Блинкен во интервју за BBC.

Ентони Блинкен вели дека САД се загрижени дека паравоена група може да се појави во делови од регионот Сахел.

Според него, на секое место каде што се појавил Вагнер, следувала смрт, уништување и експлоатација.

Ентони Блинкен додаде дека – „се повторува она што се случи во другите земји, каде Вагнер со себе донесе ништо друго освен лоши работи“.

Во Нигер пучистите го соборија демократски избраниот претседател, Мохамед Базум, го суспендираа Уставот и го затворија воздушниот простор на земјата.

Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) претходно се закани дека ќе спроведе воена интервенција доколку пучистите не го вратат Мохамед Базум на власт. Во четврток ќе се одржи вонреден самит на ECOWAS на кој лидерите на земјите членки ќе разговараат за ситуацијата и судбината на Нигер.