Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала синоќа го потресе Лос Анџелес, само неколку часа по завршувањето на церемонијата на доделувањето на Оскарите за најдобри филмски награди.
Земјотресот е регистриран во 22 часот и 13 минути по локално време, со епицентар во Северен Холивуд.
Се почувствувал и во долината Сан Фернандо, Торенс, Пасадена и други делови на Лос Анџелес, објави NBC Лос Анџелес.
Земјотресот се случи само неколку часа откако познатите личности го напуштија театарот Долби во Холивуд, по завршувањето на 97-то доделување на Оскарите.