Ердоган го претстави турскиот борбен авион: Сега сме присутни на копно, во море и во воздух

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, присуствуваше на церемонијата на претставување на турскиот борбен авион од петтата генерација во Анкара.

За време на престојот во седиштето на Турската аерокосмичка индустрија (ТАИ), Ердоган и порача на јавноста дека турскиот борбен авион од петтата генерација е гордост на авијациската индустрија во земјата.

„Турција сега е присутна на сите полиња. На копно, на море, во воздух и во вселената“, рече Ердоган.

Тој рече и дека авионот ќе има свое име.

Турскиот борбен авион од петтата генерација што се развива во нашата земја ќе се вика „КААН““, изјави турскиот претседател.

По краткиот говор, Ердоган од далечина гледа како борбениот авион КААН пристигнува на пистата, по што тој самиот седна во авионот за да се увери во неговите можности.

Авионот од петтата генерација го разви компанијата ТАИ со цел да го замени американскиот авион Ф-16, кој Турција планира да го повлече до 2030 година.

„Со овој авион Турција станува една од ретките земји со технологија за производство на борбен авион од петта генерација“, рече Ердоган.