Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го суспендираше фудбалското првенство по насилството на натпреварот меѓу Анкарагучу и Ризе.
Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, го удри судијата Халил Умут Мелер, откако Ризе израмни со гол во 97. минута.
Додека Мелер лежеше на земја, фудбалери и членови на Анкарагучу буквално го шутнаа.
Мелер исфрли по еден играч од двата тима на натпреварот во понеделникот пред израмнетиот гол на гостите.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Мелер и Коџа по инцидентот биле пренесени во болница, претседателот на клубот под придружба со најава дека ќе биде приведен по лекарска помош.
По инцидентот кој стана главна спортска вест ширум светот, претседателот на Турција го прекина првенството.
Halil Umut Meler then got battered by Ankaragucu players and staff https://t.co/B3hJdZyMxg
— Turkish Football (@Turkish_Futbol1) December 11, 2023
Го осудувам нападот врз судијата, му посакувам брзо закрепнување“ , објави Ердоган , „Спортот значи мир и братство. Спортот е неспоив со насилство. Никогаш нема да дозволиме насилството да го зафати турскиот спорт“.
Потоа, претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ), Мехмед Бујукекси, потврди дека Суперлигата е „одложена на неодредено време“.
Мелер има 37 години и се наоѓа на елитната судиска листа на УЕФА, судејќи ги натпреварите од Лигата на шампионите, како и првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига помеѓу Вест Хем и АЗ Алкмар
Turkish league isn’t a serious leaguehttps://t.co/noVv93IS7h
— Troll Football (@TrollFootball) December 11, 2023
На натпреварот во Анкара, Мелер покажа седум жолти картони, со дополнителни два кои беа двојка за Сова и Топџу.
Најпрвин во 50. минута го исклучи играчот на домашните Утки, а во 95. го „поцрвене“ и гостинскиот Топџа.
Анкарагучу поведе во 14. минута со голот на Морутан, а судијата беше претепан за голот на Гаичи во седмата минута од судиското надополнување.
Анкара е 11-та на табелата со 18 бодови, Ризе е осма со 22.