– Претседателот на Турција и претседател на владејачката АК Партија, Реџеп Таип Ердоган, на социјалните мрежи ја сподели снимката „Заедно сме Турција“, која ја подготви Канцеларијата за комуникации, а ја изведе турската уметница Шукрије Туткун.
Ердоган заедно со објавената снимка ја напиша пораката: „Ние сме едно срце. Заедно сме Турција до последниот здив.“
На снимката особено се истакнуваат националните вредности на Турција, единството и солидарноста, како и остварените чекори и прогресот во различни области, од транспортот, одбраната, образованието, енергетиката, здравството до давањето хуманитарна помош.
На снимката се прикажани и голем број мегапроекти реализирани во Турција во текот на последните две децении.