Ердоган им делеше пари и играчки на децата на избирачкото место /видео/

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган гласаше на претседателските избори во Турција. По тој повод, на избирачкото место лоцирано во училиште во Истанбул, на присутните деца им подели подароци по повод Денот на мајката, кој во земјава се одбележува на 14 мај.

Според турските медиуми, Ердоган на секое дете му дал по 200 лири, што е околу 10 евра. Некои деца добија и играчки. Бидејќи децата се малолетни и не учествуваат во гласањето, овој гест не може да се смета за корупција.