Ердоган и папата Франциск разговараа за конфликтот меѓу Израел и Палестина

– Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Ватикан и католички духовен лидер, папата Франциск.

Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Во телефонскиот разговор е разговарано за судирите меѓу Израел и Палестина, како и за прекршувањето на човековите права во регионот.

Ердоган рече дека израелските напади на Газа достигнале димензија на масакр, и дека за човештвото е срамота што меѓународната заедница ги игнорира овие случувања, и дека сите држави треба да го кренат гласот против оваа хуманитарна драма.

Турскиот претседател нагласи дека трајниот мир во регионот, каде што се наоѓаат светите места на трите религии, ќе биде можен само преку формирање на една независна, суверена палестинска држава со границите од 1967 година, која ќе има географски интегритет и чиј главен град ќе биде Источен Кудс (Источен Ерусалим).

Ердоган истакна дека Туркије вложува голем напор со цел хуманитарната и медицинска помош да стигне до Газа, и додаде дека секој треба да даде активна поддршка за напорите за помошта непрекинато да стигне до невините цивили.