– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и јорданскиот крал Абдула денеска разговараа за чекорите што може да се преземат и на регионален и на глобален план за решавање на актуелниот израелско-палестински конфликт, јави агенцијата Анадолија.
– За време на телефонскиот разговор, лидерите разговараа и за хуманитарните прашања во регионот, како и за тоа како да се постигне мир, се вели во соопштението на турската Дирекција за комуникации.
Ердоган изразил потреба за внимателност поради можноста за ширење на конфликтот во регионот. Тој исто така ја истакнал подготвеноста на Турција да обезбеди секаков вид поддршка, вклучително и посредување за ставање крај на конфликтот.