Тој рече дека новите згради нема да бидат повеќе од три-четири ката и претежно ќе имаат трисобни станови
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во разорните земјотреси минатиот месец што го погодија јужниот дел на земјата, повеќе од 214.000 згради се уништени или тешко оштетени, пренесува Анадолија.
„Во моментов е утврдено дека имаме 608.000 посебни делови во 214.000 згради кои се урнаа или се сериозно оштетени и сите тие ќе бидат отстранети“, рече Ердоган.
Тој, исто така, посочи дека точниот број на згради и куќи што ќе се обноват во регионите погодени од земјотресот ќе се знае откако ќе се заврши проценката на штетите.
Тој рече дека новите згради нема да бидат повеќе од три-четири ката и претежно ќе имаат трисобни станови.
На 6 февруари Турција беше погодена од катастрофални земјотреси во кои загинаа повеќе од 45.000 луѓе само во Турција и повеќе од 6.500 во соседна Сирија .