ЕРДОГАН МЕЃУ ДВА ПЛАМЕНИ: Турција претпазливо балансира – вака турскиот претседател ги коментираше односите со ДВЕТЕ најголеми светски СИЛИ!

Турскиот претседател им се обрати на своите поддржувачи.

Турција има добри односи и со Соединетите Американски Држави и со Русија , изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше меѓународните медиуми кои во последите денови се обидоа да влијаат на јавното мнение со текстовите за претстојните избори во Туркије кои ќе се одржат на 14 мај.

„Што овие списанија пишуваат на своите насловни страни? „Ердоган мора да замине.“ Овие во Германија,Франција и Велика Британија така велат. Што е со вас? Како можете да изнесувате вакви зборови на насловни страници? Не Западот, туку мојата нација одлучува за тоа“, рече Ердоган на собирот во Истанбул.

Неговите изјави следуваа откако британскиот магазин „Економист“ (“The Economist”) го зеде за цел турскиот претседател на насловна страна на која пишуваше: „Да ја спасиме демократијата“, „Ердоган мора да замине“ и „Гласајте!“. Француските весници „Ле поинт“(Le Point) и „Експрес“(L’Express) исто така објавија насловни страни против турскиот претседател Ердоган.

Во Туркије на 14 мај ќе бидат одржани претседателски и парламентарни избори. На претседателските избори гласачите ќе бираат помеѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу, претседателот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) и Националниот сојуз и Синан Оган од Сојузот АТА. Мухарем Инџе, претседател на партијата Мемлекет, на 11 мај се повлече од трката за претседател на Туркије.

Коментирајќи ги тврдењата на Киличдароглу за мешањето на Москва во претстојните избори, Ердоган рече: „Киличдароглу рече дека Русија манипуплира со изборите во Туркије. Ако јас речам „Америка манипулира со изборите во Туркије, Германија манипулира исто така, Франција манипулира, Велика Британија манипулира:“ Што би рекол Киличдароглу?“, запраша Ердоган. Тој истакна дека е во контакт со овие држави 20 години и го запраша Киличдароглу: „Колку пати се состанувавте со нив? Колку ги познавате?“

Киличдароглу во четвртокот ја обвини Русија дека стои зад видео содржина која наводно ги дискредитира кандидатите за претседател на изборите во Туркије.

„Драги руски пријатели, вие стоите зад монтажите, лажните содржини и снимките кои вчера се разоткриени во оваа земја. Ако сакате нашето пријателство да продолжи и по 15 мај, тргнете ги рацете од турската држава. И понатаму сме за пријателство и соработка“, изјави Киличдароглу на социјалната мрежа Твитер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека не може да стане збор за било какво мешање на Русија во изборите во Туркије, а „оние кои шират такви гласини се лажговци“.

Нашата трговска размена е поголема со Русија отколку со Америка“, рече Ердоган.