ЕРДОГАН МУ “ПЛЕСНА” ШЛАКАНИЦА НА МОМЧЕ ШТО НЕ САКАЛО ДА МУ ЈА БАКНЕ РАКАТА: Видеото предизвика бес на мрежите, ова НЕ е ПРВ ПАТ
На социјалните мрежи беше објавена снимка од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како му удира шлаканица на момче кое му пријде но не му бакна рака.
Видеото е направено за време на митингот во градот Ризе и предизвика бес кај корисниците на социјалните мрежи.
Erdoğan, Rize’de katıldığı açılış töreninde yanına gelen çocuğa, elini öpmediği için TOKAT ATTI. pic.twitter.com/DATPGZdthg
— Solcu Gazete (@solcugazete) July 28, 2024
Момчето било предупредено од луѓето што стоеле околу него, по што се согласило да ја бакне раката на турскиот претседател, кој потоа му дал џепарлак.
Ова не е прв пат Ердоган да биде снимен како физички „казнува“ деца.
Во една прилика удри момче кое побара од турскиот претседател да му се потпише на дресот. Друг пат, за време на отворањето на тунелот Саларха, Ердоган исто така беше снимен како „удри“ момче по глава.
Минатата година јавно му удри шлаканица и на својот внук, но подоцна изјави дека го „помилувал“.