– Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во сабота ќе го претстави новиот кабинет, соопшти вчера шефот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Турција, Фахретин Алтун.
Алтун во разговор за телевизискиот канал „ТВ 24“ рече дека Ердоган истиот ден ќе положи и заклетва во турскиот Парламент.
„По церемонијата на полагање заклетва, Ердоган ќе го посети Аниткабирот, мавзолејот на Ататурк“, рече Алтун.
Алтун информираше и дека претседателот Ердоган ќе приреди вечера за шефовите на држави што ќе присуствуваат на неговата инаугурација.
Тој додаде дека Ердоган ќе го претстави и својот нов кабинет во вечерните часови.
Шефот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Турција ги обвини компаниите на социјалните медиуми дека зазеле страна за време на изборите во Турција, истакнувајќи дека Твитер „им служи на политичките интереси на САД“.