Ердоган: Нема да застанеме додека не ги оживееме сите наши градови

По големите земјотреси што го потресоа југот на Турција минатиот месец, турскиот претседател Ердоган истакна дека нема да застанат додека не заживеат сите градови од регионот погоден од земјотресите.

„Нема да застанеме додека не ги оживееме сите наши градови уништени од земјотресот, заедно со нивните села и области“, рече претседателот Ердоган на церемонијата на поставување на нови куќи во градот Газиантеп погоден од земјотресот.

Велејќи дека се спроведува сеопфатна подготовка за трансформација на ризичните згради низ Турција, Ердоган вети дека „нашите градови ќе ги направиме безбедни, мирни, отпорни на земјотреси, поплави, лизгање на земјиштето, пожари и сите други ризици што е можно поскоро“.

„Нашата цел е да изградиме вкупно 650.000 нови куќи, од кои 319.000 треба да бидат завршени во рок од една година и да им ги доставиме на жртвите од земјотресот“, додаде тој, пренесе ТРТ Балкан.

На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа, при што загинаа повеќе од 50.000 животи.

Над 13,5 милиони луѓе во Турција се погодени од земјотресите, како и многу други во северна Сирија.

Ердоган, исто така, побара поддршка на претстојните претседателски и парламентарни избори на 14 мај и изрази желба „Турција да продолжи по вистинскиот пат“.