Ердоган: Не губете надеж, Туркије ќе ја надминe оваа катастрофа

При посетата на три провинции за да ги набљудува операциите за пребарување и спасување, турскиот претседател изјави дека целта е целосна реконструкција на областите погодени од земјотресот во рок од една година

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Газиантеп како дел од проверката во зоните погодени од земјотресот. Тој ќе ги надгледува операциите за пребарување и спасување и дистрибуција на помош.

Претседателот на Туркије ќе ги посети и Османије и Килис, други градови погодени од земјотресот кој погоди над 13 милиони луѓе во регионите кои се погодени од разорните земјотреси.

Во катастрофата загинаа над 14.014 луѓе, а беа повредени 63.794 луѓе, рече Ердоган, истакнувајќи дека 6.444 згради биле уништени од земјотресот.

„Не грижете се, исто како што ги надминавме претходните земјотреси, не губете ја надежта, ќе им ги предадеме становите на нивните сопственици во овие 10 провинции “, изјави Ердоган.

Турскиот претседател во вторникот прогласи тримесечна вонредна состојба во десетте провинции погодени од земјотресот. За ова денеска се гласаше во турскиот парламент.

„Вонредна состојба во 10 провинции погодени од земјотресот е за да се даде можност да се осуетат лихварите, бунтовничките групи кои го злоупотребуваат процесот во Туркије“, рече Ердоган.

Турскиот претседател ги задолжи сите министри во неговиот кабинет и потпретседателот Фуат Октај да се справат со ситуацијата и да воспостават координација во областа.

Во првиот дел од неговата посета, Ердоган го посети фудбалскиот стадион во областа Оникисубат во Кахраманмараш, каде што ба поставени привремени живеалишта со шатори. Потоа се упати кон областа Пазарџик, епицентарот на еден од двата големи земјотреси кои се случија во понеделникот.

Домување, финансиска помош

Претседателот Ердоган истакна дека Туркије ќе ги дистрибуира сите контејнери за помош во областите погодени од земјотресот во десетте провинции. Како што истакна Ердоган, Туркије ќе ги обнови 10-те провинции погодени од катастрофата во рок од една година.

Турскиот претседател вчера рече дека владата преговарала со хотелите во Анталија, Аланија и Мерсин за сместување на жртвите.

„Подготвени сме да ги сместиме во хотелите во овие градови“, рече тој, додавајќи дека владата ќе обезбеди и првични 10.000 турски лири (531 долар) за семејствата погодени од земјотресот.

TRT Balkan