Ердоган подготви мировен план за Украина: Ќе биде претставен на самитот Г20 во Бразил, Русија веќе го отфрли, еве што велат од Кремљ (фото)

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, ги коментираше медиумските извештаи во врска со мировниот план за Украина предложен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Портпаролот на Кремљ рече дека овие предлози се неприфатливи за Русија.

– Идејата за замрзнување на конфликтот по линијата на фронтот е трајно неприфатлива за руската страна – рече Песков.

Тој беше прашан дали Путин и Ердоган разговарале за такви планови.

– Не, тие не разговараа за тоа. Ги забележавме тие натписи, но во моментов немаме информации за нив и не знаеме на што би можеле да се однесуваат – рече Песков.

erdogan1.jpg

Блумберг објави дека Ердоган планира да претстави мировен план за ставање крај на руско-украинската војна на самитот Г20, кој започнува денеска во Рио де Жанеиро, а домаќин е бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

Се вели дека планот на Ердоган вклучува замрзнување на сегашната состојба на конфликтот на фронтот и одложување на разговорите за членството на Украина во НАТО за најмалку десет години, што би било отстапка за Путин.