– Туркије решително ќе продолжи да се бори против терористичките организации и дома, и во северна Сирија и Ирак, порача денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
„Решително ќе ја продолжиме нашата борба против терористичките организации и силите зад нив,“ истакна Ердоган и додаде:
„Целосно ќе го исушиме терористичкото мочуриште, што е при крај во рамките на нашите граници, северен Ирак и во Сирија“, рече Ердоган на церемонијата на назначување на 45.000 наставници во Истанбул.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.